Alma Q

Естетска прецизност
Најбезбедниот и најпрецизниот ласерски третман кој овозможува ремоделирање на кожа, отстранување на пигментација, белези и тетоважи.

Вовед:
Alma-Q е најмоќниот ласер со 3 работни режими Nd: YAG овозможена опција за ласерски третман, кој вклучува два различни работни режими на една единствена платформа. Со технологијата двоен пулс кој овозможува 2000 мј при пулс, неверојатно краток пулс со должина 7 nsec, технолошка иновација која вклучува длабинска контрола и фракциона доставаи дополнителни опции за работа со двата режими, Alma-Q е неспоредлив во неговата моќност и разновидност за третирање на широк опсег на естетски дерматолошки индикации.

Q-SWITCHED ЛАСЕРСКА ПРЕДНОСТ

Q-Switched ласер
Високо моќниот Q-Switched ласер е најефективниот метод за отстранување на природна или вештачка пигментација, при минимализиран ризик за оштетување на околното ткиво. Фракционите способности на ласерот овозможуваат дополнителни третмани за третирањена предизвикувачки несовршености на кожата како anti-aging.

Q-Switched ефект
Ласерот испорачува фото-акустични шок бранови на целната област, при висок интентзитет со ултра-кратки наносекунд пулсови. Овој метод креира контролни дермални рани со помош на механичкиот Q-Switched ефект: преку единствен механизам кој достигнува оптимални резултати за различни индикации без предизвикување на термичкооштетување или коагулација на околното ткиво.

Единечни и дупли пулсирачки технологии
Alma-Q овзможува достава на енергија при двете пулсирачки технологии [SinglePulse и Duble Pulse]. Двојната пулсирачка технологија ја дисперзира енергијата на ласерот на два последователни пулса, ублажувајки го пикот на енергијата при доставување на максимум енергија од 2Ј пo пулс. Со создавање на зрак со рамен врв, максималната енергија може да се испорача рамномерно преку кожата, без да се предизвика епидермална повреда.Двата пулса се овозможени во две различни бранови должини 1064 nm и 532 nm.

Pixel Frac?onal Q-switched ласер со длабинска контрола
Овој ласер озвоможува првично фракционо подмладување на кожата проследено со можност за уникатна длабинска контрола. Променливата длабинска контрола им овозможува на практичарите да ги комбинираат двете длабински и површински третмани,зависно од областа што се третира, типот на кожата или индикацијата. Променливата длабочина може да се користи за комбинирање на работа на иста област со цел да се постигнат оптимални резултати.

Long Pulsed Nd:YAG ласер (LP)
Максималниот потенцијал од 1064 nm бранова должина и овозможува на Alma Q ласерот да третира васкуларни лезии, малформации и длабоки вени. Продолженото дејство на Long Pulsed ласерот овозможува длабока пенетрација и моќно греење, со што се олеснува третманот на подлабоки лезии кој неможе да биде третирани со покракти бранови должини

Quasi-Long Pulsed Nd:YAG ласер (QLP)
Quasi-Long Pulsed Nd: YAG ласер генерира субмилисекундарен пулс со високa стапка на повторливост од 5 Hz, со што се овозможува подмладување на кожата и микроваскуларни третмани. QLP ласерот постигнува безбедно и ефективно суб-дермално загревање, со што се стимулира растот на нов колаген и се затегнува кожата. Истовремено, ултра-краткиот пулс е идеален за третирање микроскопски крвни садови со дијаметар помал од 50 микрони

Индикации

Пигментни лезии
Alma-Q e многу ефикасен за третирање на различни длабочини на пигментирани лезии како и меласма. Високомоќниот Q-Switched ласер со 1064 nm третира длабоки пигментни лезии, додека ласерот со 532 nm бранова должина се користи за третирање на површински пигментни лезии. Третманот механички го раскинува меланинот во лезиите без предизвикување на термално оштетување, со што се открива посветла кожа.

Ремоделирање на кожа
Alma-Q го карактеризира првиот фракционен не-аблативен ласер кој овозможува длабинска контрола, што им овозможува на практичарите да ги користат моќните придобивки од истиот при an;-aging третмани и останати несовршености кои вклучуваат брчки, фини линии, неизрамнет тон на кожата и олабавеност на кожата.При овие индикации може да се користи и Quasi-Long Pulsed Nd:YAG ласер (QLP) 1064 nm, со кој се постигнува нео-колагенизација и ремоделирање на кожата со селективно загревање. QLP емитува зраци преку ултра-кратки пулсови со висока стапка на повторливост за зголемување на температурата на кожата. Механизмот предизвикува микро термални оштетувања на ткивото кое ги контрактира постоечките влакна, стимулира создавање на нов колаген (особено колаген тип 3) и го подобрува неговото спојување и дебелина.

Двата третмани се безбедни и ефективни за деликатни области на кожата како лице, врат и деколтe.

Отстранување на тетоважи
Успешното отстранување на тетоважи во боја бара ласер со висока моќност кој доставува голема енергија. High power Q switched Nd: YAG 1064 nm ласер е идеален за третирање на потемни бои (како црна, сина и зелена) додека ласерот со 532 nm бранова должина е ефективен за посветли бои (како црвена, портокалова и жолта). Третманот механички ги раскинува честичките на бојата без да предизвика топлинско оштетување, со што тетоважата избледува со минимален ризик од хипопигментација.

Васкуларни лезии
Long Pulsed Nd:YAG ласер 1064 nm овозможува моќно, високо инвазивно решение за васкуларни лезии, малформации и длабоки вени. Како додаток на длабоката пенетрација и ефективното загревање, брановата должина од 1064 nm подобро се абсорбира од вода и окси-хемоглобин и послабо се абсорбира од меланин. Со ова се поттикнува фототермолиза од водаа и хемоглобинот со што се цели само кон васкуларните лезии а се избегнува оштетување на епидермисот.Ултра краткиот пулс на QLP Nd:YAG 1064 nm ласерот го прави идеален за третирање на микроваскуларни (<50 μм во дијаметар), вклучувајки и ангиоектаза, телангиектаза и еритема при мелазма лезии.

Слушајте ги нашите експерти:
Тројниот работен режим на Alma Q Nd:YAG ласерот овозмомжува прецизни терапевтски третмани овозможувајки ласерски бранови должини од 532 nm до 1064 nm, како и Long Pulsed и Quasi Long Pulsed модови при иста платформа. Alma Q максимално го зголемува потенцијалот на третманот со кој се третираат најширок опсег на дермални индикации.

Додатоци
Фокус
Овозможени се 7 различни големини од 1 до 7мм, со широк степен на длабочина на пигментните лезии и различни типови на тетоважи. Додатокот може да се користи во сите 3 работни режими.

Фракција
Користи метод на фракциона испорака која креира пикселни перфорации во 7х7 не-аблативна шема, со што околното ткиво останува недопрено. Микро-повредите поттикнуваат опоравувачки процес кој го зацврстува колагенот и стимулира неоколагенезасо што комплетно се подмладува целното ткиво. За поголема флексибилност и прецизност, овозможени се 5 различни длабочини.

Судирање
При судирање, додатоците доставуваат паралелни зраци на енергија до целното ткиво со минимална дисперзија (распрснување) на зракот, без разлика на оддалеченоста на кожата. Ова им овозможува на практичарите да спроведат третман без константен контактсо кожата и подобра визуелизација за поголем опсег на областа на третман. Овој додаток може да се користи во сите 3 модови за работа.

Предности:
- Комбинирана ласерска платформа која нуди максимална разновидност
- Технологија на двоен пулс која доставува максимална моќност
- Фракциона достава која покрива широк опсег на индикации
- Уникатни можности за за длабинска контрола за прецизен третман
- Безбеден и ефективен за сите типови на кожа и деликатни области